АБА лига

Обрадовиќ: Имаме голема почит за МЗТ Скопје, тие ќе сакаат да одиграат добар меч

Денеска со почеток од 16 часот, МЗТ Скопје го пречекува Партизан во меч од второто коло во најдобрата АБА лига. 

По поразот од Црвена звезда во првото коло, МЗТ Скопје денеска има нов тежок предизвик, дуел со вториот најсилен тим во АБА лигата, Партизан.
 
Црно-белите се предводени од легендарниот Жељко Обрадовиќ, а тоа треба да биде мотив повеќе и за кошаркарите на МЗТ Скопје да одиграат добар натпревар.
 
„Имаме голема почит кон екипата на МЗТ Скопје. Знаеме дека тие ќе имаат голема желба во првиот натпревар пред своите навивачи оваа сезона да одиграа добро. Ние треба да истрчаме на теренот со максимална концентрација и да одиграме на ниво потребно за победа“, вели Жељко Обрадовиќ.
 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе