Во извештајот има прилично брутални детали за страшната несреќа

Објавени резултатите од обдукцијата на Коби Брајант, смртта настапила веднаш поради фатални повреди

Властите од Лос Анџелес ги објавија резултатите од обдукцијата на Коби Брајант и останатите жртви од хеликоптерската несреќа, кај сите девет лица, смртта настапила веднаш поради фатални повреди.

Четири месеци по големата трагедија и хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште други седум лица, центарот за судска медицина од Лос Анџелес ги објави резултатите од обдукцијата.

Причина за смртта на Коби Брајант е силна траума. Смртта кај легендата на ЛА Лејкерс, но и кај сите други, настапила веднаш. Кога хеликоптерот се урнал во ридот, сите се здобиле со сериозни и фатални повреди.

Извештајот, кој е на 180 страни, покажува колку била брутална несреќата, лицата се здобиле со бројни скршеници, имало распарчени делови од тела, а телото на Коби Брајант било уништено до тој степен што идентификација била направена преку отпечатоци од прсти.

Токсиколошката анализа покажала дека пилотот бил негативен на алкохол и дрога, а негативни биле тестовите и на сите останати.

Причините за несреќата се уште не се познати, се верува дека лошите временски услови придонеле за големата трагедија.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе