АБА ЛИГА

Новогодишен пораз за МЗТ, Цедевита броеше до 100 во Скопје

Нова година, стари резултати, македонскиот шампион МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ загуби со 100:79 од Цедевита.

МЗТ Скопје е поразен во првиот меч од новата година. Македонскиот тим во 2017 влезе со надеж за подобри резултати, но наместо тоа доживеа дебакл на свој терен.
 
Натпреварот беше рамноправен во првата четвртина која им припадна на гостите но само со 22:21. Клучен беше вториот период кој беше катастрофален за МЗТ Скопје. Цедевита го доби со 31:15 и со вкупни 53:37 замина на одморот.
 
До крајот на мечот МЗТ Скопје не успеа да се врати, напротив Цедевита ја зголеми предноста на конечни 100:79.
 
Одлична партија во тимотна МЗТ Скопје имаше Скот кој постигна 23 поени, 18 постигна Темс. Кај Цедевита Џејмс реализираше 21.
 
Ова беше лош старт за МЗТ Скопје на новата година, шансата за поправен ќе ја имаат на 8. јануари на гостување кај Цибона.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе