Мундобаскет

Ново разочарување за Австралија, испушти 15 поени предност и остана без медал, Франција е бронзена

Франција ја доби пресметката со Австралија во малото финале на Светското првенство во Кина, „триколорите" со голем пресврт во второто полувреме стигна до триумф од 67-59.

Австралија со празни раце си заминува од Мундобаскетот, пред два дена беше на едно слободно фрлање до финале, а денеска испушти 15 поени предност во дуелот со Франција за бронза. 

„Триколорите“ играа очајно во првото полуреме, во воведните 10 минути реализираа 11 поени, а во втората четвртина дури беа за нијанса пололши и постигнаа 10 поени. 

Австралија во два наврати стигна до +15 на средината од третиот период, и многумина тука помислија дека „кенгурите“ конечно ќе се радуваат на прв медал на големо натпреварување. 

Но Франција не се предаде, шутот конечно проработе и предноста почна да се топи. На стартот од последните 10 минути, „триколорите“ за прв пат поведоа (47-46). Австралија немаше идеја како да се справи со новонастаната ситуација, следуваа неколку грешки и промашувања и тоа значеше пораз од 67-59. 

Де Коло со 19 поени беше прв стрелец во редовите на Франција, Фурние го заврши мечот со 16 поени, а за пресвртот голема улога одигра Албиси со три тројки во моментите кога се кршеше резултатот. 

Џо Инглс со 17 поени беше најдобар поединец кај Австралија, Пети Милс реализираше 15 поени.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе