НБА

Новите правила донесоа интересен ол-стар, тимот на Леброн го победи тимот на Јанис (ВИДЕО)

Тимот на Леброн Џејмс со 157:155 го совлада тимот на Јанис Адетокумбо во ол-стар натпревар со променети правила од претходните изданија кои конечно донесоа борбена кошарка. 

Изминатите ол-стар натпревари повеќе наликуваа на циркуско шоу отколку што на вистински кошаркарски дуели, па лигата реши да ги промени правилата, а тоа доведе до интересен меч меу тимовите на Леброн и Јанис.
 
Тимот на Леброн одлично го почна мечот и ја доби првата четвртина со 53:41, но подоцна екипата на Јанис беше подобра, го сврте мечот и во еден момент стигна и до 17 поени разлика 106:89. 
 
По три одиграни четвртини тимот на Јанис водеше со 133:124. Но на крајот тимот на Леброн го сврте мечот и го доби натпреварот со 157:155.
 
Последната четвртина беше со правило во чест на Коби, се поставува „зададена граница“, која е збир на поените на тимот кој води +24. Тоа значеше дека мечот ќе се игра до 157 и кој прв ќе дојде до таа бројка е победник. Тимот на Леброн ја анулираше негативата која ја имаше по третиот период и прв стигна до 157 поени со што го доби и мечот.
 
Наградата за МВП која од оваа сезона го носи името на Коби Брајант, ја доби Кавај Ленард кој беше најефикасен со 30 поени. 
 
Адетокумбо беше најефикасен во својот тим постигнувајќи 25 поени, Леброн реализираше 23, Дончиќ осум, Јокиќ пет.
 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе