НБА

Нови победи за Мајами и Феникс (ВИДЕО)

Мајами со 119-103 ја победи Филаделфија и поведе со 2-0 во серијата, истото го направи и Феникс кој со 129-109 триумфираше над Далас. 

Мајами и Филаделфија одлично си ја вршат домашната задача во полуфиналната серија во нивните конференции во НБА лигата.
 
Мајами немаше многу проблеми да слави и по вторпат против Филаделфија, водеше во текот на целиот меч и на крајот победи со 119-103.
 
Адебајо постигна 23 поени, имаше и девет скокови, Батлер реализираше 22 поени, имаше и 12 асистенции. Во составот на Филаделфија најдобар беше Максеј со 34 поени.
 
 
Далас имаше водство во првото полувреме против Феникс, но работите драстично се променија во вториот дел па домаќини славеа со 20 поени разлика, 129-109.
 
Лука Дончиќ беше најдобар на теренот со 35 поени, но повторно изостана поддршката од останатиот дел од тимот. Во победничкиот состав на Феникс, Букер постигна 30 поени, Крис Пол реализираше 28.
 
 
Резултати:
 
Мајами - Филаделфија 119:103 (2-0)
Феникс - Далас 129:109 (2-0)

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе