НБА

Новата сезона во НБА стартуваше со хорор повреда на Хејворд (ВИДЕО)

Хорор повредата на играчот на Селтик, Гордон Хејворд го засени отварањето на новата сезона во НБА во кое Голден стејт загуби на свој терен од Хјустон, а Кливленд го победи Бостон. 

Само по седум минути игра во првата четвртина, Хајворд по еден лош доскок се доби со шоканта повреда, го скрши зглобот и го очекува долга пауза од кошаркарските терени.
 
 
Хајворд во јули потпиша четиригодишен договор со Селтик во висина од 128 милиони долари и требаше да биде еден од значајните играчи на Селтик оваа сезона.
 
Натпреварот го доби Кливленд со 102:99. Леброн Џејмс беше најефикасен со 29 поени, 16 скока и 9 асистенции. Во составот на Бостон, Браун постигна 25, Ирвинг 22.
 
 
Хјустон го изненади шампионот Голден стејт победувајќи го на негов терен со 122:121. Голема драма се случуваше во последните секунди. Кари шутираше и промаши, топката дојде до Дјурент кој погоди, навивачите се радуваа на победа, но по прегледувањето на снимките судии одлучија дека кошот е постигнат по звукот на сирената.
 
Џејмс Харден со 27 поени беше јунакот на Хјустон во победата над Голден стејт кај кој Кари реализираше 22 поени, Дурент 20.
 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе