Мундобаскет 2019

Нова сензација, Франција ги исфрли Американците, светот ќе добие нов шампион!

Нов ден, ново изненадување на Светското првенство во кошарка кое се игра во Кина, Франција ја победи селекцијата на САД со 89:79 и се пласира во полуфиналето.

САД на колена пред Франција, актуелниот светски шампион е елиминиран во четвртфиналето, нема да се бори ниту за медал.
 
Американците ги снајде истата судбина како и Србите, влегоа во мечот како голем фаворит, а од него излегоа поразени.
 
Натпреварот почна изедначено, пред крајот на полувремето Франција успеа да се одлепи и на одморот да замине со предност од 45:39.
 
Пред крајот на третата четвртина САД го сврте резултатот, а во последниот период имаше предност и од седум поени разлика. Но финишот им припадна на Французите кои на крајот славеа со десет разлика, 89:79.
 
Фурние со 22 поени беше најефикасен во составот на Франција, еден помалку даде Гобер, а Де Коло постигна 18. Во селекцијата на САД, Мичел беше убедливо најдобриот со 29 поени.
 
Во полуфиналето Франција ќе игра против Аргентина која синоќа ја победи Србија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе