НБА

Нова партија на Дончиќ за паметење, рекорден трипл-дабл за прва победа на Далас во Орландо (ВИДЕО)

Далас ја забележа првата победа во „меурот" во Орландо, Лука Дончиќ со рекорден трипл-дабл ги предводеше „маверикс" до триумф од 114-110 над Сакраменто.

Трета среќа за Далас по ре-стартот на сезоната во НБА. По поразите од Хјустон и Феникс, „маверикс“ ја забележаа првата победа во Орландо, Лука Дончиќ донесе триумф над Сакраменто по продолженија од 114-110.

Словенецот имаше партија за паметење и рекорден трипл-дабл учинок. Тој стана најмалдиот играч кој успеал да постигне најмалку 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции. Натпреварот против „кралевите“ го заврши со 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

Со оваа победа, Далас остана во игра за позицијата број шест на Западот и избегнување на ЛА Клиперс во првата рунда од плеј-офот.

НБА резултати:

Милвоки – Бруклин 116:119
Сакраменто – Далас 110:114
ЛА Клиперс – Феникс 115:117
Индијана – Орландо 120:109
Мајами – Бостон 112:106
Портланд – Хјустон 110:102

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе