Стив Кер се одлучи на овој меч да одмори неколку клучни играчи па во составот на Голден стејт ги немаше Кари, Томпсон, Вигинс и Игудала, а поради повреда недостасува и Грин.
Денвер го искористи тоа и дојде до очекуваната победа, а на теренот доминираше Никола Јокиќ.
Србинот постигна 32 поени, имаше 15 скокови и 13 асистенции. Најдобар кај Голден стејт беше Џордан Пул кој реализираше исто така 32 поени, Муди постигна 30.
Одличен настап имаше и Лука Дончиќ во победата на Далас над Јута од 111-103. Словенецот постигна 35 поени, имаше и 16 скокови и 7 асистенции.
Резултати:
Детроит - Атланта 113:110
Филаделфија - Чикаго 121:106
Мајами - Хјустон 123:106
Минесота - Портланд 124:81
Далас - Јута 111:103
Сан Антонио - ЛА Лејкерс 117:110
Денвер - Голден стејт 131:124
Сакраменто - Њујорк 115:131