НБА

Нова маестрална партија на Дончиќ за победа на Далас, Словенецот влезе во уште едно одбрано друштво (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го предводеше Далас до гостинска победа кај Феникс од 120:113, Лејкерс ја забележа десетата победа по ред откако го совлада Вашингтон со 125:103. 

Лука Дончиќ ја израмни својата најдобра поентерска партија постигнувајќи 42 поени на мечот со Феникс, тој имше и 11 асистенции и девет скока.

Тој се приклучи во друштвото на Оскар Робертсон и Расел Вестбрук кои досега беа единствените во историјата на НБА со трипл-дабал просек во текот на еден календарски месец и притоа да имаат над 30 поени. Просекот за ноември на Дончиќ е 32,4 поени, 10,3 скока и 10,4 асистенции по натпревар.

Ентони Дејвис и Леброн Џејмс го предводеа Лејкес до десетата победа по ред, убедливо совладан беше Вашингтон со 22 поени разлика.

И двајцата кошаркари имаа дабл-дабл учинок, Дејвис постигна 26 поени и 13 скокови, Леброн имаше 23 поени и 11 асистенции.

Резултати:


Бруклин - Бостон 112:107
Детроит - Шарлот 107:110
Орландо - Торонто 83:90
Кливленд - Милвоки 110:119
Њујорк - Филаделфија 95:101
Индијана - Атланта 105:104
Мемфис - Јута 94:103
Мајами - Голден стејт 122:105
Оклахома - Њу Орлеанс 109:104
Феникс - Далас 113:120
Портланд - Чикаго 107:103
ЛА Лејкерс - Вашингтон 125:103

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе