Евролига

Нова маестрална партија на Дончиќ, 27 поени за 27 минути против Ефес

Реал Мадрид со победа од 74-88 на гостувањето кај Анадолу Ефес ја започна новата сезона во Евролигата, а прв играч на средбата беше тинејџерот Лука Дончиќ

Младиот Словенец важи за најталентираниот кошаркар во Европа, и многумина очекуваат следната година да биде прв пик во НБА.

Тој уште еднаш покажа дека е голем кошаркарски бисер, и блескаше против Анадолу Ефес на стартот од Евролигата.

Реал Мадрид славеше во Турција со 74-88, а Лука Дончиќ имаше рекордна вечер во најпрестижното натпреварување на стариот континент.

Тој зад своето име забележа 27 поени, најмногу во кариерата, а придодаде и четири скока и исто толку асистенции. Лука Дончиќ ова го стори за 27 минути поминати на паркетот.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе