НБА драфт

Нова ера за Њу Орлеанс, „пеликаните“ го одбраа Зајон Вилијамсон за прв пик

Без изненадување на драфтот кој утрово се одржа во Њујорк, Њу Орлеанс за прв пик го одбра феноменот на Дјук, Зајон Вилијамсон.

Њу Орлеанс имаше голема среќа на лотаријата да го добие првиот пик, кој и тоа како ќе им биде од корист откако најголемата ѕвезда на тимот Ентони Дејвис е трејдуван во ЛА Лејкерс.

„Пеликаните“ утрово го одбраа Зајон Вилијамсон, феноменот на Дјук кој се најавува како новиот Леброн Џејмс. 201 цм високиот кошаркар кој има 129 килограми (во НБА само Бобан Марјановиќ тежи повеќе), голема аглиност и вертикален скок од над еден метар, привлекуваше огромно внимание со своите партии како средношколец.

Изненадување немаше ниту во следните два избори. Мемфис го грабна Џо Морент а Њујорк го одбра Ај-Џеј Берет.

ЛА Лејкерс го одбра Деандре Хантер како четврти пик, но со трејдови тој ќе заврши во Атланта. Потоа следуваа Даријус Гарланд (Кливленд), Џерет Калвер (Минесота), Коби Вајт (Чикаго), Џексон Хејс (Њу Орлеанс преку Атланта), Руи Хачимура (Вашингтон) и Кем Редиш (Атланта).

Во првата рунда беа одбрани и тројца кошаркари од Европа. Французиност Секу Думбуја беше 15. пик и ќе игра во Детроит, Грузиецот Гога Битадзе беше 18. пик и ќе игра во Индијана а Сан Антонио како 19. пик го одбра Хрватот Лука Шаманиќ.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе