АБА ЛИГА

Нова домашна победа на Карпош Соколи за крај на 2016

„Соколите" забележаа уште еден триумф на домашен терен во АБА лигата, вечерва во Скопје славеа над Морнар со 75-63

Карпош сврза серија од пет победи во низа пред своите фанови во АБА лигата, нова жртва на „Соколити“ беше Морнар.

Избраниците на Драган Николиќ водеа од почеток до крај и сосема заслужено се радуваа на нов триумф.

По почетното испитување на силите, Карпош имаше серија од 10-0 и ја доби првата четвртина со 24-11.

Во еден периот од вторите десет минути, домаќините имаа и високи +19, но гостите ги консолидираа редовите и на пауза се замина со 37-29.

Но „Соколите“ не дозволија изненадување, треретата четвртина ја решија во своја корист и одново стигна до двоцифрена предност, за во завршниот период со рутинска игра да го приведат мечот до победа од 75-63.

Лабовиќ и Марва со по 18 поени беа најдобри стрелци во редовите на Соколи, а Пери постигна 17.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе