„Ракетите“ одново ги споија Харден и Вестбрук

Нова бомба во НБА: Хјустон го донесе Вестбрук и го испрати Пол во Оклахома

Хјустон станува уште еден кандидат за титулата во НБА, „ракетите" го донесоа Расел Вестбрук од Оклахома а во спротивен правец го испратија Крис Пол и уште неколку идни пикови.

Добро упатениот новинар на ЕСПН, Адриан Војнаровски најави нова бомба и зделка која ќе донесе формирање на ново моќно дуо, Џејмс Харден и Расел Вестбрук одново ќе играат заедно, овој пат во Хјустон.

За ангажман на ѕвездата на Оклахома, „ракетите“ ќе го испратат Крис Пол во спротивен правец а ќе се откажат и од неколку идни пикови. Оклахома ќе добие пикови од првата рунда на драфтот во 2024 и 2026, како и размена на пикови во 2021 и 2025 година.

Па Западот добива уште еден силен тим и кандидат за титулата во НБА, откако и ЛА Клиперс и ЛА Лејкерс направија одлични зделки и споија неколку ѕвезди.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе