НБА

Нова блескава партија на Лилард, трипл-дабл на Леброн (ВИДЕО)

Демијан Лилард откако синоќа му даде 48 поени на Лејкерс, ноќеска постигна 51 против Јута и го предводеше Портланд до победа од 124:107, Леброн Џејмс запиша трил-дабл во победата на Лејкерс кај Сакраменто со 129:113. 

Лилард имаше фантастична партија против Јута и повторно беше херојот на Портланд, овој пат постигна 51 поен, имаше и 12 асистенции.
 
Јута беше рамноправна само во првата четвртина, потоа Портланд се одлепи и дојде до лесен триумф од 124:107.
 
Најефикасен во составот на Јута беше Мичел со 22 поени, по 22 постигнаа Конли и Богдановиќ, втор најдобар поентер кај Портланд беше Вајтсајд.
 
 
Лос Анџелес Лејкерс со 129:113 победија на гостувањето кај Сакраменто. Ниту еден од играчите на Лејкерс не се издвои со висока бројка на поени, но дури седуммина беа двоцифрени.
 
Леброн Џејмс постигна трипл-дабл со 15 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Најефикасен кај Лејкерс беше Ентони Дејвис со 21 поен. Во составот на Сакраменто Фокс реализираше 24 поени.
 
 
Резултати:
 
ЛА Клиперс - Минесота 118:106
Индијана - Њујорк 85:92
Кливленд - Голден стејт 112:131
Вашингтон - Бруклин 113:107
Бостон - Филаделфија 116:95
Далас - Атланта 123:100
Сан Антонио - Шарлот 114:90
Сакраменто - ЛА Лејкерс 113:129
Портланд - Јута 124:107

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе