Србија ја остварите третата победа во третиот натпревар на Европското кошаркарско првенство, овојпат Србите беа подобри од селекцијата на Финска.
Огромната предност беше создадена уште во првото полувреме кое Србија го доби со 62-34, во вториот дел само го одржуваше водството за конечни 100-70.
Мициќ и Недовиќ постигнаа по 14 поени, Јокиќ и Калиниќ по 13, најдобар кај Финска беше Марканен со 18 поени.
Во другите денешни натпревари Хрватска со 73-70 ја победи Естонија, Грција со 93-77 беше убедлива против Велика Британија, Чешка со 88-80 беше подобра од Холандија, Полска со 85-76 го совлада Израел, а Италија загуби од Украина со 84-73.