НБА

Нов убедлив пораз на Денвер, Феникс поведе со 2-0 (ВИДЕО)

Феникс убедливо го доби и вториот натпревар против Денвер кој го играа на свој терен, тие победија со 123-98 и поведоа со 2-0 во серијата. 

Никола Јокиќ го одигра својот прв натпревар откако ја доби МВП наградата, беше најдобар на теренот, но тоа не беше доволно за Денвер да се носи со Феникс.
 
Домаќините одиграа уште една брилијантна тимска партија, немаа ниту еден кошаркар кој постигна повеќе од 20 поени, а победија убедливо со 123-98.
 
Најдобар на теренот беше Никола Јокиќ со 24 поени и 13 скокови, но немаше поддршка од другите, Милсап и Портер постигнаа по 11. Во составот на Феникс, Букер постигна 18 поени, имаше и 10 скокови, Крис Пол постигна 17 поени, имаше и 15 асистенции.
 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе