НБА

Нов трипл-дабл на Вестбрук, Оклахома им се врати на победите (ВИДЕО)

Расел Вестбрук одигра уште една одлична партија запишувајќи го 17. трипл-дабл оваа сезона, по три порази по ред Оклахома им се врати на победите.

Натпревар на домашен терен против Денвер беше идеален за Оклахома за враќање на победите откако тимот имаше лош период, а во триумфот предводник беше кој ако не Расел Вестбрук.
 
Натпреварот долго беше изедначен, дури во третата четвртина Оклахома почна да се одлепува и недозволи неизвесен финиш. Конечниот резултат беше 121:106.
 
Расел Вестбрук постигна 32 поени, имаше 17 скокови и 11 асистенции. Кај Денвер најефикасен беше Чендлер со 24 поени.
 
 
Резултати: 
 
Индијана - Њујорк 123:109
Бостон - Њу Орлеанс 117:108
Чикаго - Торонто 123:118
Минесота - Јута 92:94
Оклахома - Денвер 121:106
Далас - Атланта 82:97
Сан Антонио - Шарлот 102:85

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе