НБА

Нов трипл-дабл на Дончиќ, Словенецот руши рекорди (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен меч и му помогна на Далас да запише нова победа, овој пат го победи Кливленд со 131:111. 

Далас оствари убедлив триумф на гостувањето кај Кливленд, а во центарот на вниманието повторно беше Лука Дончиќ. Тој постигна 29 поени, имаше 14 скока и 15 асистенции со што запиша уште еден трипл-дабл.
 
Дончиќ стана првиот играч во историјата кој имал најмалку 29 поени 15 скока и 13 асистенции на два натпревари по ред. 
 
 
Тој стана и најмладиот кошаркар во НБА кој направил последователни трипл-дабл учиноци со минимум 25 поени. 
 
Стана и само вториот играч на Далас во историјата кој имал два последователни трипл-дабал учиноци со по 15 асистенции по натпревар. Првиот е Џејсон Кид.
И Леброн Џејмс ноќеска оствари трипл-дабл, а Лос Анџелес Лејкерс со 103:96 победи на гостувањето кај Сан Антонио остварувајќи ја петтата победа по ред.
 
Леброн имаше 21 поен, 11 скокови и 13 асистенции, повеќе поени од него постигна Ентони Дејвис кој реализираше 25, имаше и 11 скока.
 
 
Резултати:
 
Индијана - Чикаго 108:95
Мајами - Хјустон 129:100
Њујорк - Сакраменто 92:113
Сан Антонио - ЛА Лејкерс 96:103
Кливленд - Далас 111:131
ЛА Клиперс - Јута 105:94

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе