АБА ЛИГА

Нов пораз на МЗТ Скопје, македонскиот шампион останува закован на дното

МЗТ Скопје со 87:79 загуби на гостувањето кај Цибона, македонскиот шампион никако да се разбуди, останува на дното во АБА лигата со големи шанси да испадне од неа.

Ништо ново кога е во прашање македонскиот тим. Аеродромци на почетокот од сезоната тргнаа со големи амбиции, но ја играат најлошата сезона во регионалното натпреварување.
 
Цибона одлично го отвори мечот и ја доби првата четвртина со 21:14, МЗТ Скопје успеа да се врати во вториот период, па на полувремето се замина со 43:41 за домаќинот.
 
Мечот беше решен во третиот период кога Цибона направи голема предност и во последниот период само успешно го приведе мечот до крајот за конечни 87:79.
 
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Дреновац со 27 поени, Клоф постигна 16, Скот 12.
 
Со само четири победи од 17 меча, МЗТ Скопје е убедливо најслабата екипа на јадранот.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе