АБА лига

Ништо од изненадување, МЗТ доживеа висок пораз кај Партизан

Шампионот на Македонија забележа уште еден пораз, вечерва „Штрковите" загубија на гостувањето кај Партизан со 112-94

„Црно-белите“ играа во лоша форма, а пред дуелот со МЗТ Скопје добија и нов тренер, Ненад Чанак седна на жешкото столче.

Па „Штрковите“ се надеваа дека ќе ја искористат кризата на противникот за да стигнат до победа која ќе го врати моралот во екипата и ќе ги зголеми шансите за опстанок во АБА Лигата.

Натпреварот добро почна за шамионот на Македонија, МЗТ имаше водство од 2-8 по 90 секудни игра.

Но потоа Партизан зеде се во свои раце, за картко време поведе и со серија од 12-1, првата четвртина ја реши во своја корист со 32-19. Домаќините продолжија да го полнат кошот на МЗТ Скопје во вторите десет минути па на пауза заминаа со +27 (69-42).

На средината од третата четвртина имаа и највисоки +31 (82-51), па потоа следуваше мал пад во нивната игра кој „Штрковите“ го искористија за да намалат на 88-70 на крајот од овој период.

Во завршните десет минути, двете екипи имаа свои моменти, во еден период Партизан водеше и со +26 за МЗТ во финишот да стине до -15. Конечниот резултат на семафорт гласеше 112-94.

Трајковски со 20 поени беше прв стрелец во редовите на „Штрковите“, Соколов реализираше 14, Лаиќ 13 а Дамјан Стојановски 12.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе