Уште една маестрална партија на Србинот

Никола Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до полуфинале (ВИДЕО)

Денвер со 90-86 ја доби мајсторката против Сан Антонио и се пласира во конференциското полуфинале, Никола Јокиќ беше најдобар на теренот.

Српскиот кошаркар не престанува да импресионира, уникатниот Никола Јокиќ и овој пат беше главен на паркетот.
 
Денвер водеше буквално во целиот тек на мечот, Сан Антонио немаше ниту еднаш предност, во последните моменти дојде до -2, но домаќините ја одбранија предноста и на крајот славеа со четири поени разлика.
 
Најефикасен во составот на Денвер беше Мареј со 23 поени, но најдобар Никола Јокиќ кој реализираше 21 поени, но имаше и 15 скока и 10 асистенции со што запиша нов трипл-дабл учинок. Во составот на Сан Антонио Геј имаше 21 поен.
 
Денвер со 4-3 ја доби полуфиналната серија со Сан Антонио и за следен противник го има Портланд кој беше подобар од Оклахома.
 
Торонто и Филаделфија ја почнаа полуфиналната серија на истокот. Рапторс победија со 108:95 во првиот меч и поведоа со 1-0.
 
 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе