Влезе во одбрано друштво со Чемберлејн, Џордан и Коби

Неверојатниот Харден со 61 поен го реши Сан Антонио, Леброн и ЛА Лејкерс и официјално останаа без плеј-оф (ВИДЕО)

Џејмс Харден имаше уште една вечер за паметење, „брадата" со 61 поен го предводеше Хјустон до триумф од 111-105 над Сан Антонио, Леброн и ЛА Лејкирс и официјално останаа без плеј-оф откако загубија од Бруклин со 106-111.

Утрово во НБА се играше дербито на Тексас, Сан Антонио беше на чекор до победа, но Хјустон го имаше расположениот Џејмс Харден и на крајот домаќините славеа со 111-105.

„Брадата“ во првата четвртина постигна 27 поени, а мечот го заврши со 61 поен со што го изедначи сопствениот рекорд, кој е и рекорд на франшизата на „ракетите“. 

Тој исто така влезе во одбрано друштво и им се придружи на Вилт Чемберлејн, Мајкл Џордан и Коби Брајант како единствените играчи во историјата на НБА кој постигнале 60+ поени на повеќе натпревари во една сезона. 

На другите мечеви кои се одиграа утрово, Бруклин славеше на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 106-111, па Леброн Џејмс и „езерџиите“ и официјално останаа без плеј-оф. 

Никола Јокиќ со дабл-дабл учиник од 21 поен и 17 асистенции го предводеше Денвер до триумф од 93-111 на гостувањето кај Њујорк за продолжување на битката со шампионот Голден Стејт за првото место на западот.

НБА резултати:

Орландо - Мемфис 123:119
Кливленд - ЛА Клиперс 108:110
Њујорк - Денвер 93:111
Торонто - Оклахома 109:116
Хјустон - Сан Антонио 111:105
Милвоки - Мајами 116:87
ЛА Лејкерс - Бруклин 106:111

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе