НБА

Неверојатниот Дончиќ изедначи уште еден рекорд на Леброн Џејмс, а повтори постигнување и на Шекил Онил (ВИДЕО)

Лука Дончиќ со нова маестрална партија го предводеше Далас до триумф на гостувањето кај Њу Орлеанс од 97-118, Словенецот за 28 минути на паркетот постигна 33 поени и забележа 18 скокови.

Лука Дончиќ не престанува да импресионира, утрово тој изедначи уште еден рекорд на Леброн Џејмс, забележа постигнување како големиот Шекил Онил и дојде до нов личен рекорд. Словенецот со маестрална партија го предводеше Далас до триумф на гостувањето кај Њу Орлеанс  од 97-118.

Тој забележа дабл-дабл учинок, постигна 33 поени и имаше за себе рекордни 18 скокови. За сето ова да биде уште поимпресивно, тој на паркетот помина само 28 минути, во последната четвртина воопшто не влезе во игра поради убедливото водство на неговиот тим.

Па тој стана само третиот кошаркар кој забележал вакви бројки пред да наполни 21 година, и им се приклучи на Шекил Онил и Џон Дру, кој имале вакво постигнување во сезоната 1992/93 односно 1973/74.

Откако постигна 33 поени против Њу Орлеанс, тој на првите 20 натпревари во сезоната сега има просек од 30,7 поени по натпревар, па се изедначи уште еден рекорд на Леброн Џејмс за највисок просек на постигнати поени во првите 20 натпревари од сезоната за играч кој има 20 или помалку години. Леброн Џејмс исто такаи маше 20 години кога забележа вакво постигнување во сезоната 2005/06.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе