НБА

Неверојатна партија на Лилард, со 61 поен го предводеше Портланд до победа над Голден стејт (ВИДЕО)

Дејмијан Лилард имаше фантастична партија, постигна 61 поен и беше главен играч на Портланд во победата над Голден стејт од 129:124. 

Во неизвесен дуел во кој се играше и продолжение, Портланд со 129:124 го совлада тимот на Голден стејт.
 
Ѕвезда на вечерта беше Лилард кој реализираше 61 поени, имаше и десет скока и седум асистенции. Најдобар кај Голден стејт беше Буркс со 33 поени.
 
Лилард стана само шестиот играч во историјата на НБА кој повеќе од еднаш успеал да постигне 60+ поени.
 
 
 
 
Резултати:
 
Вашингтон - Детроит 106:100
Атланта - Торонто 117:122
Бруклин - Филаделфија 111:117
Шарлот - Орландо 83:106
Кливленд - Њујорк 86:106
Хјустон - Оклахома 107:112
Мемфис - Њу Орлеанс 116:126
Мајами - Сакраменто 118:113
Милвоки - Чикаго 111:98
Бостон - ЛА Лејкерс 139:107
Минесота - Денвер 100:107
Феникс - Сан Антонио 118:120
Јута - Индијана 118:88
Портланд - Голден стејт 129:124

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе