Маестрална партија на Македонецот

Нено Димитријевиќ му даде 30 поени на Партизан и си го исполни сонот да се запознае со Обрадовиќ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ беше играч на натпреварот на дуелот за третото место на ВТБ купот меѓу Уникс Казан и Партизан кој го доби рускиот тим со 83-77. 

Ненад Димитријевиќ имаше маестрална партија против Партизан, постигна 30 поени за 30 минути (5/5 слободни, 8/9 за два, 3/5 за три поен) и беше главен во победата.
 
По натпреварот за српските медиуми тој отрки дека бил голем фан на Партизан, а негов сон бил да го запознае легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ кој сега ги води црно-белите.
 
„Нема што да кријам, од мали нозе сум за Партизан. Мојот дедо навиваше за Партизан, исто и мојот татко, поради што ова беше специјален меч за мене. Запознавањето со Жељко Обрадовиќ беше остварување на детскиот сон за мене. Има разлика во лигите во Шпанија и Русија, но фокусиран сум на напредокот, личниот и тимскиот. Очекувам да бидам лидер, сакам да покажам дека можам да помогнам на теренот“, изјави Димитријевиќ.
 
Димитријевиќ е кошаркар на Валенсија кој оваа сезона игра на позајмица во Уникс Казан.
 
 
Во финалето на турнирот Зенит го победи тимот на ЦСКА Москва кој го предводи нашиот Емил Рајковиќ. Зенит славеше со 71-70 со кош постигнат на 2,3 секунди пред крајот.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе