Храбар потег

Ненад Димитријевиќ се пријави на НБА драфтот!

Најперспективниот кошаркар на Македонија, Ненад Димитријевиќ ќе си ја проба среќата за настап во НБА, плејмејкерот на Хувентуд се пријавил на НБА драфтот.

Македонија ќе има преставник на НБА драфот кој ќе се одржи на 20. јуни во Бруклин. Специјализираниот портал за кошарка, „Еурохупс“ вели дека околу 40 кошаркари од Европа се пријавиле на драфтот.

На листата се наоѓа и името на Ненад Димитријевиќ, кој во моментов настапува во Шпанија во редовите на Хувентуд.

Со оглед на тоа дека конкуренцијата е силна, тешко е за верување дека плејмејкерот ќе биде одбран од некој тим. Но овој храбар потег ќе му помогне да го привлече вниманието на себе, да се погрижи дека во иднина ќе биде следен од скаути и да си ја подотвори вратата за еден ден да заигра во НБА.

21 годишниот Ненад Димитријевиќ важи за најперспективниот кошаркар на Македонија, но и покрај тоа не игра за репрезентацијата поради конфликт со раководството на МКФ.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе