НБА

Нема веќе непоразени во НБА, Феникс ја победи Филаделфија (ВИДЕО)

Букер со фантастична партија го предводеше Феникс до победа над Филаделфија со 114:109 нанесувајќи му го првиот пораз на противникот оваа сезона, Голден стејт и покрај големите проблеми со повреди дојде до триумф од 127:118 над Портланд. 

Нема непоразени во НБА, Филаделфија во шестиот меч оваа сезона за прв пат загуби, Феникс Санас беше подобар од нив покажувајќи дека конечно може да имаат добра сезона.
 
Мечот беше изедначен, двете екипи се менуваа во водство, а ниту еден тим немаше двоцифрена предност, во последниот период Феникс беше подобар и заслужено дојде до победата.
 
Девин Букер со 40 поени беше главниот мотор на Феникс, кај Филаделфија најефикасен беше Хорфорд кој постигна 32 поени.
 
 
Голден стејт има огромни проблеми со повредени кошаркари, па како сериозно изненадување може да се смета нивната победа над Портланд од 127:118.
 
Пашал го користи отсуството на главните ѕведи на Голден стејт и се повеќе се истакнува, беше главен во победата над Портланд постигнувајќи 34 поени, имаше и 13 скокови. Во гостинскиот тим Лилард реализираше 39.
 
 
Харден имаше уште една ефикасна партија, со 44 поени и десет скокови го предводеше Хјустон до победа на гостувањето кај Мемфис од 107:100.
 
 
Резултати:
 
Вашингтон - Детроит 115:99
Бруклин - Њу Орлеанс 135:125
Мемфис - Хјустон 100:107
Минесота - Милвоки 106:134
Феникс - Филаделфија 114:109
Голден стејт - Портланд 127:118
 

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе