АБА Лига распоред

Не можеше потешко, МЗТ Скопје прво гостува на Црвена звезда, па го пречекува Партизан

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје ќе има пеколен старт на новата сезона во АБА лигата која почнува на 1 октомври. 

МЗТ Скопје се врати во најсилната АБА лига, а силината на натпреварувањето во целост ќе го почувствува на самиот старт кога игра две екипи кои настапуваат во Евролигата.
 
Во првото коло МЗТ Скопје гостува на Црвена звезда, а потоа го пречекува Партизан, тешко е и третото коло кога македонскиот тим му гостува на Будуќност.
 
Распоред АБА лига:
 
1. коло: Црвена звезда - МЗТ Скопје
2. коло: МЗТ Скопје - Партизан
3. коло: Будуќност - МЗТ Скопје
4. коло: МЗТ Скопје - СЦ Дерби
5. коло: Олимпија - МЗТ Скопје
6. коло: МЗТ Скопје - Морнар
7. коло: ФМП Меридијан - МЗТ Скопје
8. коло: МЗТ Скопје - Мега
9. коло: Игокеа - МЗТ Скопје
10. коло: МЗТ Скопје - Борац
11. коло: Задар - МЗТ Скопје
12. коло: МЗТ Скопје - Сплит
13. коло: Цибона - МЗТ Скопје
 
Лигашкиот дел е составен од 26 кола, во преостанатите 13 кола се истите дуели само во спротивна улога домаќин - гостин. Предвидено е лигашкиот дел да заврши на 14 април, по што ќе почне плејофот.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе