Почина на 78 годишна возраст

НБА тагува: Почина легендарниот тренер на Јута, Џери Слоун

Легендарниот тренер на Јута, Џери Слоун почина денеска на 78 годишна возраст како резултат на компликации од Паркинсонова болест и деменција.

EPA-EFE/GEORGE FREY

НБА тагува, најсилното кошаркарско првенство во светот денеска се збогува со Џери Слоун. Легендарниот тренер на Јута џез почина на 78 годишна возраст како резултат на компликации од Паркинсонова болест и деменција.

Џери Слоун во историјата на НБА ќе биде запишан како тренерот со четвртиот најдобар скор (1223 победи), дури 20 пати играше плеј-оф, 19 со Јута џез (15 последователни настапи) и еднаш со Чикаго булс.

Ќе остане запаметен по генерацијата во која ги предводеше Карл Мелоун и Џон Стоктон во две едно по друго финалиња (1997 и 1998) и епски пресметки со Мајкл Џордан, Фил Џексон и Чикаго булс

И покрај тоа што нема освоено шампионски прстен, тој важеше за еден од најдобрите и најценетите тренери на сите времиња, и во 2009 доби место во „Куќата на славните“.

По 23 години на кормилото на „џезерите“, тој се пензионираше во 2011 но продолжи да дава совети кога и да можеше.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/GEORGE FREY

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе