НБА

НБА се врати, Леброн со поени во финишот донесе победа за Лејкерс во дербито на Лос Анџелес (ВИДЕО)

По паузата поради коронавирусот НБА се врати, ноќеска се одиграа два натпревари во „Дизниворлд“, во дербито на Лос Анџелес Лејкерс со 103-101 беше подобар од Клиперс, тесно беше и на мечот меѓу Њу Орлеанс и Јута, џезерите славеа со 106-104. 

Во првото полувреме доминираше Лејкерс, имаше предност и од 13 поени, но Клиперси се вратија, го свртеа мечот и во третиот период тие имаа водство од 11 разлика. Финишот му припадна на Лејкерс, а Леброн Џејмс со поени на 12 секунди до крајот ја донесе победата од 103-101, во последниот напад Пол Џорџ имаше шут за триумф но промаши.
 
Најефикасен на мечот беше Ентони Дејвис со 34 поени, Леброн Џејмс постигна 16, имаше и 11 скокови. Најдобар кај Клиперс беше Пол Џорџ со 30 поени, Ленард реализираше 28.
 
 
Неизвесно беше и на мечот меѓу Јута Џез и Њу Орлеанс Пеликанс. Џезерите со одлична игра во последниот период дојдоа до победа од 106-104. Во тие 12 минути пеликаните реализираа само 17 поени.
 
Најдобар кај Јута беше Кларксон со 23 поени. Исто толку постигна Инграм во составот на Њу Ореланс.
 
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе