НБА

НБА ќе добие нов шампион, Бостон го исфрли Торонто, Денвер не се дава против Клиперс (ВИДЕО)

Бостон ја доби мајсторката против Торонто со 92:87 и се пласира во финалето на истокот каде ќе игра против Мајами, Денвер го совлада ЛА Клиперс со 111:105 и намали на 3-2 во западното полуфинале. 

Нов тим ќе седне на тронот во НБА откако актуелниот шампион Торонто ја загуби битката против Бостон. 
 
Седмиот решвачки дуел меѓу Бостон и Торонто беше неизвесен и тврд, одбраните на двата тима беа во преден план, а на крајот подобра се покажа онаа на Селтикс која му донесе победа од 92:87.
 
Тејтум со 29 поени, 12 скокови и седум асистенции беше најдобар во составот на Бостон, Браун постигна 21. Кај Торонто ВанВлит постигна 20 поени, Лаури 16.
 
Во финалето на истокот Бостон ќе игра против Мајами кој претходно беше подобар од Милвоки.
 
 
ЛА Клиперс е голем фаворит во пресметката со Денвер, но Нагетс не се дава лесно, синоќа победија со 111:105 и намалија на 3-2.
 
Пресудна беше последната четврина која Денвер ја доби со 13 поени разлика, 38:25.
 
Јокиќ имаше одлична партија со 22 поени и 14 скокови, а најефикасен во Денвер беше Мари со 26 поени. Кај Клиперс, Ленард постигна 36, Пол Џорџ 26.
 
 
Резултати:
 
ЛА Клиперс - Денвер 105:111 (3-2)
Торонто - Бостон 87:92 (3-4)

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе