НБА

НБА е прекината, Гобер има коронавирус

Кошаркарот на Јута Џез, Рики Гобер има коронавирус, НБА ги суспендира сите натпревари. 

Коронавирусот почнува со сериозна брзина да се шири и во САД. Кошаркарот на Јута, Рики Гобер е првиот голем спортист од таа земја кој е позитивен на болеста.
 
НБА најпрво го одложи мечот меѓу Оклахома и Јута Џез, а лигата потоа потврди дека ги суспендира сите натпревари.
 
НБА потврди дека играчот кој е позитивен на коронавирусот не бил на натпреварот кој требало да се одигра.
 
Во зависност од ситуацијата со коронавирусот ќе биде одлучено кога и дали воопшто ќе биде продолжена НБА сезоната.
 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе