Олимписки игри

НБА ѕвездите на САД со пораз од Франција ја почнаа Олимпијадата

Селекцијата на Франција одигра одличен натпревар и со 83-76 ја победи репрезентацијата на САД на стартот од кошаркарскиот турнир на Олимписките игри. 

Кошаркарската селекција на САД го забележа првиот пораз на Олимписки игри од 2004 година кога загуби од Аргентина.
 
Јазот меѓу САД и европските кошаркари е се помал, а понекогаш, како што беше случај денес изгледа и како да го нема. Причина за тоа веројатно е и фактот што се поголем број на европски кошаркари играат во НБА лигата.
 
Натпреварот беше изедначен во најголемиот тек, двете репрезентации имаа свои периоди. Клучна беше третата четвртина која Франција ја доби со 25-11. 
 
Фурние имаше одлична партија, постигна 28 поени, Гобер реализираше 14 поени, имаше и девет скока, Де Коло постигна 13 поени. Во составот на САД најефикасен беше Холидеј со 18 поени, Адебајо постигна 12, имаше и 10 скока, Лилард реализираше 11 поени, двоцифрен беше и Кевин Дурент со 10 поени.
 
Ако е нешто утешително за составот на Грег Попович тоа е фактот што ова е само прв натпревар на Олимписките игри, има време за поправен.
 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе