Соопштение по крајот на мандатот

Наумоски: За четири години направивме многу позитивни промени за македонската кошарка

Веќе поранешниот претседател на МКФ, Петар Наумоски преку соопштение се огласи по крајот на својот мандат. 

Петар Наумоски им се заблагодари на своите соработници со кои вели дека во изминатите четири години направиле многу позитивни промени во изиминатите четири години. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
 
„Би сакал да им се заблагодарам на сите соработници и поддржувачи во изминативе четири години, да истакнам дека заеднички се донесоа доста промени, позитивни во интерес на кошарката. Можеби некој ќе каже дека можело повеќе, јас ќе кажам дека секогаш може подобро и повеќе меѓутоа уверен сум дека со овие ингеренции што МКФ и раководството ги има ова е максимумот.
 
Сметам дека и се оддолживме на оваа спортска институција и на кошарката преку нашето ангажирање и посветеност во последните четири години. Ја деблокиравме 16-годишната блокада на сметката на федерацијата, ги вративме сите долгови што само во континуитет се таложеле, ја доведовме федерацијата во стабилна, сигурна па и профитабилна организација, што всушност е работа и обврска на едно успешно раководство на која било институција.
 
Кошаркарскиот дом за федерацијата е добиен од пред 15ина месеци, но се уште го немаме добиено во владение поради имотно правни кочници и таму беше зацртана целата програма за развој на младите во текот на сите 12 месеци во годината, а не само 45-60 дена пред секое европско младинско првенство. На новото раководство им посакувам успех и добри резултати во нивното работење. 
 
Спортски поздрав,
Петар Наумоски“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе