НБА

„Најк“ не му дозволи на Леброн да му го даде бројот 23 на Дејвис

Иако сакаше, Леброн Џејмс нема да може да му го даде бројот 23 на својот нов колега, Антони Дејвис, причина е „Најк“ кој засега не го дозволува тоа.

Леброн Џејмс изјави дека ќе му го отстапи бројот 23 на својот пријател Ентони Дејвис, а тој ќе се врати на бројот шест, но тоа ќе биде одложено.
 
Причината е „Најк“ кој не дозволува сега да се случи промената на бројот на Леброн бидејќи ќе загубат десетици милиони долари.
 
Имаат многу порачки и дресови на залиха од Леброн Џејмс со бројот 23, па доколку се случи промена тие би пропаднале а финансиската загуба би била голема.
 
Официјалниот рок за промена на броевите на играчите е до 15 март, но лигата може да дозволи промена на бројот ако тоа го побара производителот.
 
Леброн Џејмс ќе може до 15 март 2020 да побара промена на бројот за сезоната 2020/21. Во следната сезона тој ќе продолжи да носи 23.
 

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе