Аргентина во вторникот објави дека купува 24 застарени американски воени авиони Ф-16 од Данска, а договорот го поддржа и Вашингтон.
Министерот Петри се сретна со заменикот на генералниот секретар на НАТО Мирчеа Геоана и му врачил писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западниот воен пакт.
Според НАТО, глобалните партнери соработуваат со членките на пактот во споделување на разузнавачки податоци и учество во воени вежби.
Глобални партнери на НАТО, меѓу другите, се Австралија, Јапонија, Колумбија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Пакистан.