СП 2019

Најдобриот кошаркар во НБА ќе игра за Грција на Светското првенство

Јанис Адетокумбо кој беше прогласен за МВП на минатата сезона во НБА, потврди дека ќе настапи за Грција на престојното Светско првенство во Кина. 

Добри вести за Грците, Јанис Адетокумбо ќе биде во нивниот состав за Мундијалот во Кина.
 
„Се уште не сум зборувал со селекторот, не знам на која позиција ќе играм. Но најважно ми е да играм за мојата земја. Како кошаркар мојата задача е да им помагам на моите соиграчи“, изјави Адетокумбо.
 
Грција со него во составот се надева дека ќе се бори и за медал на Светското првенство. Тие се во групата Ф заедно со Бразил, Црна Гора и Нов Зеланд.
 
Мундијалот се игра од 31 август до 15 септември.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе