Шок за кошаркарската Прва лига

На пет дена пред стартот на новата сезона, згасна АВ Охрид!

Шок за кошаркарската Прва лига, на пет дена пред стартот на новата сезона, АВ Охрид згасна и нема да се натпреварува.

Претстојниот викенд започнува новата сезона од кошаркарскта Прва лига, а денеска како гром од ведро небо пристигна информација дека згаснал АВ Охрид.

Клубот измиантово лето ангажираше нов тренер, донесе неколку квалитетни играчи и имаше амбиции за повисок пласман, но од тоа нема да биде ништо.

Се говори дека сопственикот Милчо Донески решил да го згасне клубот бидејќи сам не можел да го понесе финансискиот товар. Тој веќе испратил официјален допис до КФСМ и ги извести за новонастанатата состојба.

Првите луѓе на федерацијата сега треба да одлучат како ќе стартува новата сезона, дали ќе има еден клуб помалку, или шанса ќе добијат оние кои аплицираа за влез во елитата.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе