Втора АБА лига

МЗТ триумфално и против Рогашка за три од три во втората АБА лига

МЗТ Скопје остана перфектен во втората АБА лига, вечерва „штрковите" беа подобри од Рогашка со 74-54.

Шампионот на Македонија прикажува одлични партии на стартот од новата сезона во втората АБА лига. Избраниците на Кочов пред своите фанови стигнаа до убедлива победа против Рогашка.

По една израмнета прва четвртина, во која гостите имаа минимална предност (19-20), МЗТ Скопје својот квалитет го покажа во продолжението од мечот. Со одлична игра во одбраната, „штрковите“ му дозволија само 5 поени на противникот во вторите 10 минути, тие постигнаа 15 во овој период, па на пауза заминаа со позитива од девет поени.

МЗТ Скопје продолжи во исто темпо и во третата четвртина, ја добија со 25-17, и веќе тука беше јасно кој ќе слави на овој натпревар. Последните 10 минути беа рутински одработени за триумф од 74-54 и три од три.

Стојановски со 18 поени беше прв играч во редовите на МЗТ Скопје, Крстевски реализираше 13 поени, а Омот запиша 11 поени.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе