АБА 2 лига

МЗТ Скопје запиша нова победа, во „Јане Сандански“ падна Сплит

МЗТ Скопје дојде до петтата победа оваа сезона во АБА 2 лигата откако со 70:64 го совлада тимот на Сплит и остана на првото место на табелата. 

МЗТ Скопје реди само победи на домашен терен во регионалното натпреварување, на менито на македонскиот шампион овој пат беше Сплит.
 
Натпреварот беше борбен и рамноправен во целиот тек, екипите се менуваа во водство, а победникот беше решаван во последните минути. Во финишот МЗТ Скопје подобро се снајде и на крајот славеше заслужена победа од 70:64.
 
Херој во победата беше капитенот Дамјан Стојановски кој имаше 24 поени, Бојан Крстевски постигна 12, одличен беше и Андреј Магдевски со девет поени, осум скока и дури седум украдени топки.
 
По шест кола МЗТ Скопје има пет победи и еден пораз во АБА 2 лигата, во моментов се наоѓа на првото место на табелата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе