АБА лига

МЗТ Скопје загуби во Задар и не успеа да се врати во првата АБА лига

МЗТ Скопје по голема борба ја загуби мајсторката со Задар, беше поразен со 86:75 и не успеа да се врати во првата АБА лига. 

МЗТ Скопје главната шанса ја пропушти на домашен терен, денеска во Задар се обиде да дојде до посакуваниот триумф, се бореше до крај но не успеа, домаќинот заслужено го зачува местото во елитата на јадранот.
 
Проблем за МЗТ Скопје беше повредата на Бојиќ, тоа ги скрати опциите на центарската позиција, а Самрџиски уште во третата четвртина заработи пет лични грешки и ги зголеми главоболките на Кочов, МЗТ Скопје голем дел од мечот играше со ниска петорка.
 
Домаќинот одлично го отвори натпреварот, по првата четвртина имаше водство од 11 поени разлика, 29:18. Во вториот период беше израмнето, на одморот МЗТ замина со десет поени негатива, беше 50:40 за Задар.
 
МЗТ Скопје најдобро одигра во третиот период кој го доби со 22:16, во последниот период дојде и до изедначување, неколку минути се играше кош за кош, но финишот му припадна на Задар кој на крајот славеше и убедлива победа од 86:75.
 
Медфорд и Иванов постигнаа по 22 поени, Симоновски реализираше 11. Херој на Задар беше Жориќ кој имаше фантастична партија со 29 поени и 10 скокови.
 
По овој пораз МЗТ Скопје остана во втората АБА лига, следната сезона ќе се обиде повторно да се врати меѓу најдобрите.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе