АБА Лига 2

МЗТ Скопје со убедлива победа се враќа од Цетиње

МЗТ Скопје го надигра Ловќен и го победи со 85:67 на негов терен во Цетиње, со тоа македонскиот тим ја прекина серијата од два порази по ред.

МЗТ Скопје забележа нова победа во втората АБА лига победувајќи на гостувањето кај Ловќен со 18 поени разлика и тоа против директниот ривал за втората позиција.
 
МЗТ Скопје уште на стартот на натпреварот покажа доминација добивајќи ја првата четвртина со 22:16, домаќините успеаа да намалат во вториот период и на одморот се замина со 38:25 за македонскиот тим.
 
Победникот беше решен во третиот период кој МЗТ Скопје го доби со девет разлика, во последната четвртина не само што ја одбрани предноста туку и ја зголеми за конечна победа од 85:67.
 
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Бојиќ со 24 поени, Вудард постигна 18, Дамјан Стојановски 10. Деби во составот на МЗТ Скопје имаше Предраг Самраџиски кој постигна четири поени за девет минути.
 
Во следното коло МЗТ Скопје е домаќин на Зрињски, тој меч се игра за една недела.
 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе