АБА лига

МЗТ Скопје со триумф се враќа од Задар, Аеродромци се на победа до целта!

На МЗТ Скопје му е потреба уште една победа за враќање во првата АБА лига откако денеска го совладаа Задар на негов терен со 89:83.

МЗТ Скопје одигра одличен меч на гостувањето кај Задар со фантастично прво полувреме кое го добија со 57:36. Во третиот период македонскиот тим продолжи да го полни кошот на противникот и дојде до највисока предност од 25 разлика, 72:57. И потоа следуваше пад.
 
Задар почна полека да ја намалува негативата и пред крајот на мечот се врати во игра, но МЗТ Скопје успеа да ја сочува предноста и на крајот да слави со позитива од шест поени, 89:83.
 
Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Бојиќ со 24 поени имаше и девет скока, Вудард постигна 22, а Иванов 19.
 
На МЗТ Скопје сега му фали уште еден триумф за да ја добие серијата со Задар и да избори враќање во првата АБА лига. Следниот меч се игра во Скопје во вторник на 23. април.
 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе