МЗТ Скопје

МЗТ Скопје се засили со кошаркар од Работнички

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Бојан Крстевски потпиша двегодишен договор со МЗТ Скопје, тој доаѓа од најголемиот ривал на „металците“, Работнички.

30-годишниот Бојан Крстевски е промовиран во ново засилување на МЗТ Скопје, тој денеска потпиша двегодишен договор со македонскиот шампион.
 
Станува збор за искусен крилен центар кој треба да игра на позицијата „пет“. Тој кариерата ја почнува во Работнички, а има играно и за Центар, Вардар, Торус и Кожув. Во периодот од 2012 до 2015 настапувал и во Грција за тимот на Кавала.
 
Ова е второ засилување за МЗТ Скопје ова лето, синоќа клубот потпиша со Кристијан Николов.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе