МЗТ Скопје

МЗТ Скопје се засили со Американец од Бешикташ

Тодрик Гочер кој доаѓа од Бешикташ е третото американско засилување на МЗТ Скопје за следната сезона, со него Аеродромци го комплетираат составот за новата сезона. 

МЗТ Скопје денеска промовираше американски бек шутер кој доаѓа од Бешикташ, тој треба да биде едно од најсериозните засилувања за следната сезона.
 
„Американскиот кошаркар Тодрик Гочер (27 год, 193 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, со што воедно го комплетираме составот со кој ќе ја почнеме новата сезона и тоа со седумина македонски репрезентативци и четворица интернационалци.
 
Станува збор за исклучителен бек-шутер, кој во нашиот тим доаѓа по сезона мината во силниот турски прволигаш Бешикташ, со кој настапуваше и во престижната Лига на шампионите на ФИБА. Гочер во турското првенство настапи на 23 средби со просек од 9,4 поени, 4,7 скока и 2,3 асистенции додека во ЛШ на 16 меча просечно реализираше 10,8 поени, 3,5 скока и 1,6 асистенции. Претходно има настапувано во два грчки тима и тоа Короивос и Ифаистос, како и за француски Шоле. Пред да дојде во Европа, во американската НЦАА-лига настапувал за престижниот Тексас Тек универзитет, каде што бил најдобар во тимот во последната година од студиите.
 
Гочер е третиот Американец на кој тренерот Ѓорѓи Кочов ќе смета во новата сезона, заедно со Феми Олуџоби и Хасани Гравет, а покрај нив ќе биде и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ. Капитенот Дамјан Стојановски ќе го предводи македонскиот септет, во кој се уште и Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Кристијан Николов, Адем Мекиќ и Филип Бакоч. Летово, а и понатаму сезонава, со првиот тим ќе работат и најдобрите таленти од нашата младинска школа, со цел да стекнат драгоцено искуство“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе