Кочов доби нова опција за позицијата центар

МЗТ Скопје се засили под обрачите, потпиша со поранешен младински репрезентативец на Турција

210 сантиметри високиот Рагип Берке Атар е нов кошаркар на МЗТ Скопје, 20 годишниот Турчин потпиша со „штрковите" до крајот на сезоната.

Шампионот на Македонија ја засилува центарската позиција во пресрет на вториот дел од сезоната. МЗТ Скопје денеска поптиша со Рагип Берке Атар, поранешен кадетски, јуниорски и младински репрезентативец на Турција.

20 годишниот Рагип Берке Атар е доскорашен кошаркар на турскиот тим Банвит, со кој настапуваше во турското првенство но и во Лигата на шамапионите на ФИБА.

210 сантиметри високиот Турчин треба да им помогне на Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Марин Морнар и Бојан Радуловиќ во битката под кошевите.

Доколку сите формалности бидат комплетирани на време, Рагип Берке Атар своето деби може да го има веќе во четврток на дуелот со Хелиос во втората АБА лига.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе