АБА 2 лига

МЗТ Скопје продолжува да реди победи, му го нанесе првиот пораз на Борац

Во дуелот меѓу непоразените, МЗТ Скопје со 76:69 го победи Борац од Чачак благодарение на одличната игра во последната четвртина од мечот. 

Четврта победа на МЗТ Скопје во четвртиот натпревар од новата сезона во втората АБА лига, македонскиот тим го совлада Борац кој во овој дуел влезе исто така без пораз.
 
МЗТ Скопје одлично го почна мечот и ја доби првата четвртина со 18:11, но потоа следуваше период на гостите, на полувремето Борац водеше со еден поен разлика, 39:38. 
 
Тимот од Чачак продолжи во ист стил и во третиот период, по кој имаше водство од 61:57. Но во последните десет минути македонскиот шампион одигра одлична одбрана, противникот постигна само осум поени и конечниот резултат гласеше 76:69 за МЗТ Скопје.
 
Стојановски со 16 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје, Хиндс постигна 15, Омот 14. Кај Борац Џонс реализираше 22.
 
По четири одиграни кола МЗТ Скопје е осамен на врвот, единствен без пораз, има и најдобра кош разлика +61.
 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе