МЗТ Скопје

МЗТ Скопје потпиша со Кристијан Николов

МЗТ Скопје потпиша со најмладиот македонски репрезентативец, Кристијан Николов кој се враќа во Македонија од Истанбул. 

Кристијан Николов во следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион МЗТ Скопје.
 
„Еден од најмладите кошаркари кои настапиле во Евролигата и најмладиот македонски репрезентативец во историјата, Кристијан Николов (22 год, 188 см) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша едногодишен договор со нашиот клуб.
 
Станува збор за плејмејкер кој со 18 години дебитира во најсилното европско клупско натпреварување како играч на Галатасарај, а претходно, со 15 години, осум месеци и девет дена настапи во дресот на Македонија на средба против Русија во 2012 година. Тој во таборот на гигантот од Истанбул замина во 2014 година и се задржа во следните две сезони, по што мина извесен период во екипите на Јесилгиресун во два наврати, Трабзонспор и Истанбул ББ. Минатата сезона ја одигра во дресот на Петким“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе